Затвореник од Идризово со убодна рана заврши на Ургентен центар

Сподели со своите пријатели

На 14.07.2017 година во 19,00 часот во Казнено поправната установа  Идризово  во затворениот дел, дошло да расправија помеѓу затворениците Е.Б (1989)  и Е.И (1983) двајцата од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во еден момент Е.И со  остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата нога на Е.Б.

Со возило од Казнено поправната установа Идризово, Е.Б е префрлен во Ургентен Центар-Скопје, каде од страна на доктор се констатирани телесни повреди. Настанот е во надлежност на КПУ Идризово