Затворена Ликовната колонија „АСНОМ 2017“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Четириесетина дечиња од сите основни училишта од градот, како и корисници на услугите на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска го завршија своето четиридневно творење на седмото издание на Детскиот ликовен камп „АСНОМ 2017“ кој се одржа во комплексот Етно Село.

 

Loading...

 

Организатор на самата манифестација е Секторот за култура и спорт при Општина Куманово, за чија намена беа издвоени 80.000 денари со одлука на Советот, а со цел поттикнување на творечкиот и уметнички дух кај младите.

Сите слики што до сега беа насликани и направени во биенални изложби ние ги донираме, поклонуваме на „Порака наша“ и се тоа останува во нивна трајна сопственост и тука кругот се затвора, творат сите ученици во повеќе ликовни техники со своите ментори. Навистина продукцијата е одлична, од година во година е подобра, со што мислам дека квантитетот раѓа и квалитет  и сум уверен во тоа дека дел од овие деца ќе бидат дел од оние кои ќе се запишат и учат Средно ликовно училиште и Ликовната академија, тоа е наша желба ако тоа се случи ќе бидеме посрќени и поисполнети во намерата традицијата да пролжи – изјави Нино Величковски од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

 

 

Како што истакна градоначалникот Зоран Дамјановски ова е традиција која го прави Куманово бренд во ликовната уметност.

Знаете дека имаме неколку колонии, тука е колонијата „Карпино“ која ја организира мултимедијалниот центар, тоа е еден од најдобрите брендови во ликовната уметност, та е колонијата „Прохор Пчински“, „Пелинце“, „Матејче“, значи има повеќе локации зависно од историските моменти и ова е младински ликовен камп на кој учествуваат над 40 талентирани ученици од основно образование кои своите вештини ги имплементираат од разни дела тука претставени, имаме шест претставници од „Порака наша“ и оваа ликовна колонија на некој начин потоа оди на продажна изложба која оди на финансиска продажба за поддршка на Центарот за деца со посебни потреби – вели Дамјановски.

 

Loading...

Дечињата ги исполниле сите задачи поставени од менторите, а твориле на тема по слободен избор.

Во септември најверојатно ќе направиме една изложба со најдобрите дела соберени од децата, кои беа максимално исполнети, сите задачи кои беа поставени од менторите и имаме солиден број соберени дела и креативно супер се изразија овие четири дена. Преферираме слободна тема за да може да се изразат што послободно и покреативно – Симона Јакимовска, наставник во ООУ „Крсте Мисирков“.

 

Задоволни со нови другарства и одлично исполнето време со креативност е она што остана во сеќавање на децата учесници на ликовниот камп.

На овој камп творевме и слиаквме на многу теми, на слободна тема, првиот ден сликавме на платно, на слбоодна тема, вториот ден правевме филм, така што правевме фигури од глина и пластелин, а потоа гифотографиравме и фотографиите ги споивме, а третиот ден правевме монотипија и тотем. Многу ми се доаѓа на овој камп тоа што имаме слободна тема и можеме нашите чувства да ги искажеме преку творење – изјави Ана Крстиќ, учесник на ликовната колонија.

 

Благодарен сум на кампот затоа што првиот ден работевме на слободна тема и можевме се што сакаме да изразиме, било што можеме да го прикажеме, потоа работевме слоу-моушн анимација со фотографирање неколку слики, потоа спојување за да излезе некоја целосна содржина, а потоа продолживме монотипија со пресекување, графика поточно – вели Денис Денчиќ, учесник на ликовната колонија.

 

 

Учествував на летниот ликовен камп „АСНОМ“  и се претставив со свои дела графика, скулптура и монотипија – вели Мимоза Спахиа, учесник на колонијата.

Loading...

 

Манифестацијата започна во 2011 година во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, со што прерасна во вистинска традиционална манифестација.

 

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????