Застрашувачки прогнози на научниците: Ни се закануваат години без лета (видео)

Сподели со своите пријатели

Супервукланите на Земјата, од Везув до Кракатуа, предизвикувале глобални уништувања низ историјата, но тоа не е ништо во споредба со експлозиите кои претстојат, предупредуваат научниците.

Според нивните тврдења идните ерупции би можеле да ја втурнат Зејата во серија „години без лета“. Истражувачите направиле проекции селедјќи ги вулканските активности и нивните досегашни зачестености, со посебно внимание на катаклизмичките ерупции, како онаа во Индонезија во април 1815 година.

https://youtu.be/_iEGkWiqWhs

Loading...

Откриле дека последиците, доколку таква ерупција се случи во 2085 година, би биле катастрофални, со поголем глобален пад на температурата. Тие објаснуваат дека најголема разлика би направила изменетата состојба на океаните.

Океаните имаат голема улога во ублажувањето, но истовремено и во продолжувањето на површинското ладење, вели предводникот на студијата др. Џон Фасуло. Откако постои метеоролошката документација, 1816 година била најбизарната од сите години. Наречена е „година без лето“, со многу невообичаени временски услови.

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ЕВРОПА: Започнува ерупцијата на Исландскиот вулкан

Имено, ако јануари и февруари биле донекаде студени, во март започнало страшно заладување. ВО април и мај дождот не престанал да паѓа. Во јуни и јули секојдневно имало мраз, а во Њујорк паднал половина метар снег. Европа била погодена од огромно невреме, а бројни реки биле излеани од своите корита.

Сето тоа нанело огромни штети на земјоделството ширум светот, а цената на храната двојно се зголемила. Иако целата планета била во чудо и упорно очекувала лето кое не пристигнало, туку дошла зима, па есен, па зима, но немало објаснување за таквата појава.

Зошто овој индонезиски вулкан исфрла сина лава? (видео)

Дури во 1920 година, американскиот научник Вилијам Хамфриз го објаснил тој климатски феномен. Тој открил дека вулканот Тамбору во април 1815 година еруптирал и тогаш во атмосферата исфрлил облаци вулкански пепел.

Голем дел од северната хемисфера бил прекриен со прекривач од прашина и валканост, но дури во јуни 1816 година станало јасно дека нешто не е во ред. Студеното време од зимските месеци никогаш не престанало. Мразот уништил псоеби, а гладта која настапила потоа довела до немири, побуни, уништување на цели заедници, а бил зголемен и процентот на криминал.

Вака изгледа ерупција на вулкан снимена со дрон (видео)

Годината без лето, според бројни научници е главен виновник за избивање на една од најсмртоносните епидемии на тифус во историјата. Додека студенилото ја парализирало северната хемисфера, монсуните ја опустошиле јужната, помагајќи во ширењето колера и убивајќи десетина илјади луѓе.

Научниците по прецизното мерење на вулканската активност, предупредуваат дека се заканува токму вавко сценари и дека на време треба да се подготвиме за него и да обезбедиме резерви на храна.