Заскитан куршум уби дете во Гостивар

Сподели со своите пријатели

Заскитан куршум усмрти десетгодишно дете во Гостивар кое подоцна е пренесено во болница во Скопје, но лекарите не успеале да го спасат и тоа починало утринава.

Loading...

„Информацијата засега никој официјално не ја потврдува, освен наши извори во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кои не информираа дека родителите го донеле детето во Скопје мислејќи дека му се слошило“ – пишува Нова Македонија

Подоцна, по интервенција на лекарите се утврдило дека тоа е погодено најверојатно од заскитан куршум и по повеќечасовна лекарска интервенција подлегнало на раните.

Се очекува наскоро и официјална потврда од МВР