Запознајте го човекот кој 60 години е заробен во оваа машина (видео)

Сподели со своите пријатели

Одредени луѓе кои низ претходните генерации биле заразени со полио вирусот, морале да користат тешка машина наречена „железни бели дробови“ за да можат да дишат, пишува „Индепендент“.

Иако денес ваквите машини се застарени, некои од нив кои го преживеале полио вирусот, се уште мораат да ги користат овие машини, а сега своите искуства ги пренесуваат на новите генерации.

Како ХИВ вирусот го напаѓа организмот (видео)

Loading...

Во 2015 година, Ник Исенберг споделил снимка на интернет, каде ги објаснува проблемите на својот пријател Паул Александер (70) од Тексас. Тој мора да ја користи оваа машина, но се соочува со проблеми затоа што компаниите неодамна престанел да произведуваат делови за оваа машина.

– Не има уште двајца или тројца. Се обидов се што е на располагање, но ова беше најдобрата. Ова е најприближно до природниот начин на дишење, вели Паул кој оваа машина ја користи изминатите 60 години.

Овие машини им помагаат на луѓето да дишат, формирајќи внатрешен вакуум, впумпувајќи кислород во нивните бели дробови, а понекогаш биле вообичаени.

Научниците „будат“ џиновски вирус стар 30.000 години

Иако луѓето овие машини требале да ги користат недела или две, болесниците кои имале трајни оштетувања на белите дробови започнале да се ослонуваат на нив скоро секојдневно.

Паул во 1952 година се заразил со полио вирусот. Тогаш имаш шест години и сега секој слободен момент го минува приклучен на оваа машина. И покрај тоа што тојз авршил право и станал адвокат.

Имав 1.000 пријатели. Сите сакаа да знаат кој е тој чудак чија глава излегува од оваа машина, вели тој.

Што е полио вирус?

Полио вирус е многу инфективен и неизлечлив и може да се спречи со имунизација. Малите деца најмногу се изложени на опасноста од зараза со полио. Тој го напаѓа нервниот систем и може за неколку часа да го парализира заболениот. Околу 10 проценти од парализираните умираат кога ќе откажат дишнити мускулатури.

Вообичаеното лекување во четириесетите и педесетите години од минатиот век биле месеци минати токму во ваквата машина.

Оваа болест е уништена во Америка уште во 1979 година, но епидемијата во 1950-те предизвикала над 15.000 случаи на парализа, поради што тие луѓе користа „железни бели дробови“ за да можат да дишат.

Благодарение на анти-полио вакцината, полио е искоренет во западното општество, но и натаму постои во земјите од третиот свет: Авганистан, Пакистан, Нигерија. Минатата година пријавени се околу 37 нови случаи во овие три земји.