Започнува сезоната за кумановските одбојкарки

Сподели со своите пријатели

Одбојкарскиот клуб Куманово и Сити Волеј Славков од Скопје формираат нов клуб кој викендов ќе ги започне своите натпреварувања во 25то државно првенство во одбојка.

Новиот клуб оваа сезона ќе се натпреварува во сите категории во рамките на Одбојкарската федерација на Македонија, кадетки, пионерки и сениорки.

Едноставно со заендички сили, играчки карактер, од логистички карактер, финансиски карактер влегуваме во овој проект којшто едноставно се надеваме дека ќе биде успешен за сите нас, сигурно веќе успешен во склоп на играчи, кадар, напредок на одбојката во градот, а и во републиката, така да ова е една позитивна иницијатива што успејавме со наш голем напор да ја протуркаме и да се надеваме дека ќе има успех од сето тоа – изјави Денис Вујадиновиќ, претседател на ОК Куманово.

За прв пат во Куманово во сабота со почеток во 16 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ ќе се игра одбојка во сениоркска категорија жени против екипата Македонија Макс од Струмица.

Одбојкарките се подготвени за натпреварување. Ние заеднички тренинзи имаме со колегите од Скопје, доаѓаат за Куманово, ние одиме за Скопје, така да сите со едно нетрпение очекуваме почеток, пак викам колегите и колешките од Скопје имаат огромно искуство, веќе 10 години играат во антпреварување и колегата Славков кој е тренер, значи заедно со мене тој е сеумкратен шампион во Макеоднија и имаат поголемо искуство. Ние во Куманово имаме млади играчи, перспективни и затоа практично и се прави овој проект – додава Вујадиновиќ.

Веќе во недела на домашен терен ќе се одигра и турнир во младинската категорија, а љубителите на одбојката од трибините ќе може да им дадат поддршка на кумановки.