Започнува реконструкција и изградба на нови улици во градот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Започнува реконструкција и изградба на нова патна инфраструктура во Куманово во рамките на летното одржување на патиштата, ова денеска го најави првиот човек на градот Зоран Дамјановски кој вршеше увид во градежните работи на улицата „Народна Револуција.

 

Loading...

Почнавме од најфрекфентниот дел од центарот на градот, тука знаете со години наназад имаме само крпење на платна а сега комплетна реконструкција во вкупна површина од 1.500 квадратни метри скинување на горен слој од асфалт, спремање на подлога и асфалтирање, значи ќе имаме нова коловозна инфраструктура во овој дел од градот, потоа се селиме кај „Пчела“, „Супер маркет“ и таму имаме оштетена површина, во меѓувреме се работи на „Бошко Буха“ и „Мила Зечар“, така да неколку улици во моментот се работат тоа е тендерот кој заврши пред два-три месеци кое е летно тековно одржување и реонструкција на постоечка патна инфраструктура во големина од негде 45.000 квадратни метри и 5.000 квадратни метри на крпење на платна и ударни дупки. Куманово ова лето ќе имае некаде околу десетина километри нова патна инфраструктура, тоа ќе биде централното градско подрачје, приградските населби, други делови од градот, така да имаме направено приоритети, мислам дека на овој начин ќе успееме да ги задоволиме делумно потребит еод патна инфраструктура. Паралелно со тоа иде крпење и санирање на улици и канализациона мрежа. Овие денови ќе зпаочне ваење на коцка и асфалтирање од школска амбуланта, гимназија и карап маала и тука ќе биде ударниот дел првично, тоао ќе идеме во периферија и ќе завршиме до август месец комплетна развојна програма – изјави Дамјановски.

Проектот во големина од околу педесет илјади квадратни метри се очекува да заврши кон крајот на август, а ќе чини 50 милиони денари, обезбедени од општинскиот буџет.