Започнува обновата на документи за корисниците на права од детска заштита во Куманово

Сподели со своите пријатели

Започнува годишната обнова на документите за корисници на права од детска заштита, за корисниците на посебен додаток, родителски додаток за трето и четврто дете и корисници на право на детски додаток, информираа надлежните од Меѓуопштинската установа, Центар за социјални работи Куманово. Во установата, информираше, директорката Александра Арсовска евидентирани се 506 активни корисници на право на посебен додаток. Корисниците треба да поднесат само барање за обнова на документите.

„Согласно измените и дополнувањата во Законот за социјална заштита за дете за кое е издаден траен наод од стручен орган, барање за продолжување на правото на посебен додаток за наредната година не се поднесува“-појасни Арсовска.

Барање за продолжување на правото треба да поднесат и 2.501 корисници од кои 2413 се корисници на правото на родителски додаток за трето дете и 88 корисници на право на родителски додаток за четврто дете.

„Потребни документи за продолжување на правото се барање бр.5 за носител-мајка, барање бр.5а за носител татко, доказ за примени вакцини,уверение од Основниот Суд дека не е одземено родителското право и потврда дека е редовен ученик“-потенцира Арсовска.

Вкупно 322 корисници на детски додаток треба да поднесат барање за продолжување на правото.

„Освен барање треба да достават и доказ за остварени приходи по основ на плата за перидот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година во кој износ треба да биде пресметан и додатокот за К-15, како и доказ за сите полнолетни членови кои не се на редовно школување“-рече Арсовска.

Поднесувањето на барањата за продолжување на правата од детската заштита ќе трае  до 31. март, годинава.