Започнаа уписите во КУД „Панче Пешев“

loading...

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово и годинава започна да врши уписи на нови членови во своите редови кои ќе сакаат да го изучуваат фолклорот и традицијата на македонскиот народ и истите да ги претставува во државата и надвор од неа.

Друштвото врши упис во повеќе сексии и тоа, фолклорна играорна секција, народен и изворен оркестар, но може да се запишат и вокалните солисти.

„Сакам да ги поканам младите да дојдат да се запишат да го изучуваат македонскиот фолклор, а со тоа кога ќе го изучуваат ќе научат да го презентираат во Република Македонија и надвор од неа со репортажа што планираме да ја направиме со вашата телевизија со повеќе снимки, некаде околу четири часа видео материјал, верувам дека секое дете би сакало да биде дел од екипава која ја водевме сега во Варна, а така е на сите фестивали каде што одиме, дружење до крајни граници, задоволување на децата, зближување со други култури и дуги членови и мислам дека секое дете би посакало да дојде. И да нема конкурс може да се јават да се запишат, од септември започнуваме макотрпна работа за зголемување на репертоарот и за настапи на многу поголеми фестивали во светот, бидејќи имаме многу понуди, но финансиски сме слаби. Јас верувам дека и државата и општината ќе смогнат сили, ќе го увидат брендот што го има македонскиот фолклор во Куманово, КУД „Панче Пешев“ кое прослави 90 години минатата година дека односот ќе го изменат и навистина ќе бидеме вистински презентери на македонската култура на фолклорот во Република Македонија, надвор и во светот“ – изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

КУД „Панче Пешев“ има повеќе групи поделени според возраста и така ги изучуваат и фолклорните песни и игри кои се прилагодени за нивната возраст.

„Ние имаме неколку групи. Имаме помали деца значи од петто, шесто оделение, тие се најинтересни, бидејќи тоа е возраст кога децата повеќе разбираат и сакаат да научат нешто и веќе во прва, втора година ги вклучуваме во прва постава каде можат да почнат да научат да играат и да го презентираат она што ќе го научат, меѓутоа има и помали деца до петто оделение и помали, тоа е расадник за втората група“ – изјави Крстевски.

Играорците на „Панче Пешев“ изминатово лето имаа низа настапи на меѓународната сцена, а учествуваа и на еминентен фестивал во Варна, Република Бугарија.

Уписите се започнати од 10 септември и ќе траат до крајот на месецот. Заинтересираните може да се запишат секој работен ден во просториите на друштвото на улицата „Кирил и Методиј“, односно во гимназискиот двор од 18 до 20 часот.

Главната аудиција ќе се одржи на 2ри октомври со почеток во 19 часот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments