Започна протестот пред Основниот суд во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Голем број граѓани дојдоа на мирен протест пред Основниот суд во Куманово да го искажат револтот од одлуката на Иванов за аболиција на политичарите осомничени за криминални дејствија.

Луѓето се уште доаѓаат, а сега протестот се одвива во мирна атмосфера, додека поголем број полициски службеници го обезбедуваат објектот, а улицата „11-ти Октомви“ е целосно затворена за сообраќај.

Нашиот фотограф останува на терен да го следи протестот.