Започна проектот за регулација на речното корито на Липковка (фото)

Сподели со своите пријатели

Започна проектот за регулација на речното корито на реката Липковка, која ќе се одвива во првата фаза, додека втората газа ќе опфати чистење и на реката Којнарка, заедно во должина од четири километри.

 

Loading...

Проектот денеска го најавија градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставникот на УНДП, Луиза Винтон, како и Амбасадорката на Кралство Јапонија, Кеико Ханеда и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.

 

 

Според Дамјановски, денеска започнува работата на првата фаза, а паралелно ќе се распише тендер и за втората, по што ќе следува трета која ќе биде најобемна.

Потоа ќе одиме со трета фаза која е најтешката фаза изградба на мостови и околу стадионот башкими , значи проектот се планира да  се заврши до крајот на годината , се надеваме дека нема да имаме пропусти и некои застои,. Средствата се обезбедени од неколку субјекти, УНДП, Амбасадата на Јапонија која е еден од поголемите донатори во самиот проект, министерството за животна средина и просторно планирање  и локалната самоуправа. Локалната самоуправа потпипша договор и во тек е исплатата на сите средства во висина од двеста илјади евра , мњрпп исто така ќе донира околу двеста илјади евра, останатите средства ќе бидат обезбедени од амбасадите – изјави Дамјановски.

 

Според, Луиза Винтон, спречувањето на катастрофи и поплави претставува приоритет за УНДП.

Спречување на катастрофи како и спречување на поплави претставува приоритет за ундп како за оваа област тука во куманово така и низ целата територија на рм затоа што поплавите претставуваат голем ризик за животот на луѓето. Тука особено ни претствува задоволство што ќе работиме во спречување на овие  поплави затоа што жртви на ваквите природни непогоди се луѓето кои што најмалку можат да си приуштат да се справат соодветно со ваквите непогоди – изјави Винтон.

Loading...

 

Кралството Јапонија е првата држава која преку УНДП се вклучи во овој проект со свои донации, а задоволство од соработката изрази и амбасадорката Кеико Хенада.

Ми претставува огромно задоволство што сум присутна на почетокот на овој проектот  што значи спречување на поплави во градот куманово. навистина секогаш е многу значајно кога се работи кога работите се спроведуваат заедно со луѓето во овој случај среќна сум што имаме соработка со градоначалникот , со министерството за животна средина , со ундп и со нетрпение очекувам да продолжиме да работиме со луѓето со граѓаните се со цел подигнување на животниот стандард на граѓаните – вели Кеико Хенеда,  Амбасадор на Кралството Јапонија во Македонија.

Во проектот свој придонес ќе даде и Министерството за животна средина и просторно планирање, кој го започна претходниот министер Арбр Адеми, а го продолжува Садула Дураку.

Овој проект е резултат на соработката меѓу мин. општината и меѓународната заедница. Одамна луѓето го очекуваат овој проект затоа што со него ќе се намали ризикот од поплави во куманово, а ние и понатаму ќе соработуваме со ундп за да реализираме добри проекти за граѓаните на Куманово – вели Дураку.

 

Во проектот веќе се завршени 2,2 километри од речното корито, со што преостануваат уште 1,8 километри кои се очекува да бидат завршени до крајот на годината.