Започна осветлувањето на стариот Градски парк (фото)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и директорот на Јавното претрпијатие „Куманово паркинг“ заедно со претставници од локалната самоуправа денеска беа во обиколка на Градскиот парк, каде започнува поставување на осветлувањето на паркот.

Како што истакна Дамјановски оветлувањето е првата фаза од реконструкцијата на некогашниот најубав парк во Куманово.

Преку ЈП „Куманово паркинг“ е направена тендерска постапка, бидејќи тековното одржување, реконструкција и изградба е програма на „Куманово паркинг“. Денеска отпочнуваме со работа и за десетина дена ќе биде завршена оваа фаза од реконструцкијата. Поставување на 65 канделабри, подземна инсталација и пворзување со трафостаница. Тендерот е завршен пред 20-тина дена – рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Инвестицијата за осветлувањето изнесува 2,5 милиони денари, средства предвидени за првата фаза од проектот, а потоа ќе следува набавка на комунална опрема преку тендерска постапка, како и реконструкција на патеките и на крај хортикултурно уредување на паркот.

На некој начин ќе имаме можност преку осветлување и обезбедување на услови за чување, дали ќе биде тоа стражарска служба на самото јавно претпријатие „Чистота“ или ќе обезбедиме компаноија која ќе се грижи за безбедноста во овој дел од градот кое е барање на граѓаните од оваа месна заедница да го пуштиме во употреба онака како што доликува – додава Дамјановски.

Според Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово Паркинг“ целокупниот простор во градскиот парк ќе биде покриен со осветлување, како што одамна било објавено.

Конечно со завршување на сите процедури, тендерски псотапки и заокнски процедури ние конечно денеска успеавме да почнеме и со работа и да го имплементираме. Законскиот рок или договорениот орган со извршител на овие работи има времетрање од 3 дена и гарантирам дека во тој рок ова успешно ќе биде завршено – изјави Шабани.

13320998_1012903498757770_2035529627_o

Loading...

 

Инаку паркот се простира на површина над 3.000 метри квадратни.