Запалени оџаци во два поединечни случаи

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари бележат две интервенции на запалени оцаци во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на завчера кога во 23:30 часот било пријавено дека се запалил оџак на семеен дом лоциран на улицата 316 во населбата Ајдучка Чешма. На терен веднаш излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило и по еден час, во 00:30 часот успеале да излезат на крај со пламените јазици.

Втората интервенција исто така била на запален оцак на семеен дом, но во населбата Тоде Мендол, кај месноста Говедарски пат. Петмина пожарникари со едно противпожарно возило се бореле со пожарот кој зафатил и дел од кровната конструкција на објектот. Сепак вистината на материјалната штета допрва ќе биде утврдувана.

 

Loading...