10.10.2017 01:43

Залутан гепард затвори една од најголемите фабрики за автомобили (видео)


По скоро цели 36 часа потрага фатен е леопардот поради кој бил затворен дел од огромниот фабрички комплес Марути Сузуки во Индија.

На залутан леопард службениците во фабриката ги предупредила снимка од безбедносните камери во делот комплекси во кои се произведуваат мотори, а кој се протега на огромни површини. Ноќните работници веднаш биле евакуирани, а просторот затворен, а кога дневните работници во четврток наутро пристигнале на работа не можеле да влезат во комплексот, туку чекале 12 вработени од одделот за шуми и 50 полицајци да ја најдат големта мачка. За време на долготрајната потрага камерите неколку пати го снимиле леопардот пред да биде лоциран и успиен.

– Леопардот бил превезен во болница на преглед и подоцна ќе биде пуштен во дивината, рекле вработените од Одделот за шуми.

За да го намамат леопардот, тимовите задолжени за лов користеле два кафези во кои имало живи кози, а се обиделе да го истераат на виделина и со фрлање петарди.

Инаку, фабриката Марути Сузуки се наоѓа недалеку од главниот град на Индија, а се работи за најголемата фабрика за автомобили во државата, воедно и една од најголемите во светот. Годишно таму се произведуваат скоро милион возила.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments