Закроени лозовите насади во ССОУ „Киро Бурназ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На имотот на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот „Свети Трифун“ во присуство на наставниците, учениците, како и локалната самоуправа и свештени лица од Кумановско-осоговската епархија.

 

Loading...

 

Одбележувањето на празникот е традиција откако во училиштето е засаден првиот лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.

Имаме ученици во доволен број кои се заинтересирани во оваа струка, по завршувањето имаат можност да си направат свој лозов насад, туку можат да се вработуваат и на други работни места или да продолжат на факултет. Заинтересираноста кај учениците е доволна, во еден период имаше стагнација, малку учениците го избегнуваа овој смер, но постепено пак се враќаме. Традиционално кај нас ги подууваме учениците, не само како да одгледуваат винова лоза, туку и да ги негуваат обичаит и затоа фактички го славиме „Свети Трифун“ и ја користам оваа прилика на сите да им го честитам празникот и воедно на младите „Свети Валентин“, изјави Весна Трајковска, директор на ССОУ „Киро Бурназ“.

 

 

Како што рече градоначалникот Максим Димитриевски ова е голем празник и треба да се потсетиме на делата на „Свети Трифун“ кој го дал својот живот создавајќи големи дела за праведноста во општеството.

– Заедно со граѓаните и менаџерскиот тим на оваа училиште го закроивме лозјето денеска со надеж дека ова ќе биде просперитетна и бериќетна година, го честитам овој празник на сите, но и на сите млади кои го прославуваат „Свети Валентин“ како денот на љубовта, им го честитам овој модерен празник кој што младите луѓе го празнуваат, но сепак треба да се грижиме, да ја негуваме нашата традиција и да одаваме признание на овој ден, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што изјави отец Игор Крстев денес акцент се става на љубовта Христова која е движечка сила во христијанскиот духовен живот и младото момче Свети Трифун кој го дал животот за Христос и верата.

Тоа е акцентот на целокупното денешно празнување иако на овие наши простори имаме многу застапена традиција на кој денеска се закројуваат виновите гранки и на тој начин повторно истата суштина, односно љубовта христова како што Христос се принесе на Тајната вечера кога го благослови лебот и виното и кога рече дека ова е моето тело и мојата крв. На оваа света литургија свештеникот го пренесува лебот и виното, тој лозов плод се благословува и се преобразува во вистинско тело и крв според нашата вера. Треба да знаеме како христијански верници дека и Свети Валентин е маченик божји, но од пораниот период на црквата кога била една, обединета, односно не била поделена со шизмата, должни сме да го почитуваме и Светиот маченик Валентин, но на нашите простори повеќе е застапен Свети Трифун, изјави отец Крстев.

 

 

Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето, а според народните верувања ако на денешен ден паѓа дожд, сливата ќе има добар род и снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќет.

 

 

Loading...

Leave a Reply