Загаденоста на воздухот во Куманово шест пати над дозволеното

Сподели со своите пријатели

Вкупно 301 микрограм честички на метар кубен воздух во Куманово вечерва регистрира мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање, што е шест пати над дозволената граница.

Во воздухот се чувствува мирис на чад, на што реагираат и граѓаните на социјалните мрежи.

Од подолу приложениот график може да се забележи дека од почетокот на месецов, поточно од 5. декември Куманово секојдневно ја надминува дозволената граница од 50 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух.

 

Loading...

 

Рекордната загаденост вечерва не е регистрирана само во Куманово, 204 µg/m3 изнесува во Карпош, 381 µg/m3 во Лисиче, 317 µg/m3 во Ректорат, 280 µg/m3 во Битола, 278 µg/m3 во Велес.