Загаденоста на воздухот руши рекорди: Во Куманово пет пати над дозволеното

Сподели со своите пријатели

Загаеноста на воздухот во Куманово ноќва достигна пет пати над дозволната максимална граница, односно изнесуваше 200 мигрограми на метар кубен PM10, од дозволените 50, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од 24. декември воздухот во Куманово постојано покажува високи концентрации на ПМ10 честичките, кои ноќва го достигнаа својот максимум за овој месец.

 

Loading...

 

Слична е состојбата и со останатите поголеми општини во целата држава. Општина Центар 307µg/m3, Карпош 264µg/m3, Лисиче 452µg/m3, Гази Баба 332µg/m3, Ректорат 431µg/m3, Битола 203 µg/m3, Тетово 247.