Заев: Заедно со граѓаните ќе го браниме Уставот (видео)

Сподели со своите пријатели

Отвараме дебати за иднината на нашата младина. Без младите ни е џабе се. Најпоразителниот факт во Македонија е оваа пуста миграција, иселување, изјави денес од Битола, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Изјавата за медиумите беше дадена пред Офицерскиот дом, зграда која според Заев претставува симбол по новото време на единството и заедништвото, во борбата да се спречи неговото крчмење.

Пред овој симбол давајќи ја изјавата ја испраќаме пораката до цела Република Македонија, дека граѓаните заедно, сплотено ќе го сочуваат и Уставот, што денеска е толку актуелен во обидите на власта да го врати помилувањето за изборните нерегуларности.

Следуваат многу значајни избори во Република Македонија. Покрај тоа што е важно укинувањето на овие делови од законот и да се спречи овозможување да има помилување за изборни нерегуларности коишто се случиле во минатото.

Многу важно е тоа што, со недај Боже, успешност на ваквиот чин се испраќа пораката дека секој оној кој што ќе направи нови избори измами, нови избори грабежи  повторно ќе може да избегне одговорност. Тоа не смееме никој од нас граѓаните да го дозволиме.Заради тоа што рековме, стабилноста на Република Македонија зависи од фер, регуларни и демократски избори.