Заев се сретна со словенечките полицајци, кои помагаа во обезбедување на јужната граница за време на мигрантскта криза (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска, во рамки на официјалната посета на Република Словенија, се сретна со претставниците на полициските структури на Министерството за внатрешни работи на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантската криза.

Во присуство на премиерот на Република Словенија Миро Церар, на средбата присуствуваа заменикот-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

 

Loading...

 

Премиерот Заев истакна дека му е особена чест што има можност непосредно да им се заблагодари за несебичниот и одважен придонес на припадниците на МВР на Република Словенија.

– Вашето учество во тие активности, поттикнато од изразената политичка волја на институциите на Република Словенија, е израз на одговорноста на вашата земја да го даде придонесот кон безбедноста на Европа, како и израз на подготвеноста да подаде пријателската рака, рече Заев.

Нагласи и дека двете земји делат заеднички вредности кога е во прашање безбедноста и сигурноста граѓаните и на нашите општества.

– Задачата не беше лесна. Полициската постапка и процедура, како и безбедноста на нашата земја и на ЕУ, на нашата граница се судри со мигрантската криза, а таа криза има човечко лице, човечки судбини. Задачата на полицајците беше деликатна: да се испочитува достоинството и човечката трагедија, и, во исто време, сето тоа да биде ставено во правната процедура и во безбедносниот систем. На тој начин дојде до израз хуманото лице на полициските структури, нагласи Заев.

 

 

Неговиот словенечки колега потенцира дека Словенија и Македонија низ оваа соработка ги потврдиле исклучително добрите и пријателски односи. Соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи, рече, на дело ја покажа потребата од заеднички акции за некои од глобалните предизвици за мирот и стабилноста во светот.

Врачувајќи благодарница за учеството на словенечката полиција во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантска криза, министерот Спасовски и истакна дека соработката ќе продолжи.

 

Loading...

 

Во име на припадниците на МВР на Република Словенија, учесници во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза, за доделеното признание се заблагодари заменик-командантот на полициската станица Жалец, чии полициски служебници беа дел од контингентите на јужната граница во Република Македонија.