Заев од Старо Нагоричане најави 160 милиони евра субвенции за земјоделците (фото)

Сподели со своите пријатели

Од 2018 година субвенциите за земјоделството ќе бидат зголемени на 160 милиони евра, најави денеска од Старо Нагоричане претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев кој одржа мини митинг каде освен програмата го промовираше и кандидатот за градоначалник Жаклина Јовановска која ќе се бори за градоначалничката функција во вториот круг од локалните избори.

 

Loading...

 

Како што рече Заев претходната Влада од предвидените 140 милиони евра, делела само по 80 до 85 милиони за земјоделците, а остатокот од парите завршувале во џебовите на поединци.

– Треба да знаете во целиот овој период пред нас, од 2018 година субвенциите ќе бидат зголемени до 160 милиони евра, но ќе стигаат до вистинските земјоделци и ќе стигаат тогаш кога им требаат. Дополнително порастот на субвенциите ќе биде мотивирање за субвенциите. Ако вадиме три тони жито од еден хектар, догодина тој што ќе извади три тона и триста, 10% повеќе, што значи го мотивираме да ѓубри, да вади, да извади поголема количина, ќе ги земе субвенциите за трите тона, за тристате кила плус и десет посто награда од ржавата во субвенции за да мотивираме за поголемо и поквалитетно земјоделско производство. Така ќе биде и со сите други земјоделски култури. Сточарството ќе биде сериозно поддржано, не може да толерираме политика да ни влегува млеко од сите краишта на светот и кога ќе влезете во дуќаните е видите македонското млеко е само една четвртина, три четвртини имаме од секаде во светот. Не, ќе си ги заштитиме земјоделците и сточарите по сите основи со тоа што предност ќе дадеме на домашното производство, преку мудри политики согласно правилата на Светската трговска организација ќе градиме политики во кои ќе ги мотивираме сточарите да го зголемуваат сточниот фонд и да имаат повеќе пари од тоа што го работат, ве уверувам дека вистинска политика ќе имаме во земјоделството, заради тоа што на крајот на секој земјоделец му треба достоинствена продажна цена за тоа што го работи, рече Заев.

 

 

Пред граѓаните на Старо Нагоричане, Заев вети довршување на проектот за водовод во Младо Нагоричане, а воедно најави дека до крајот на мандатот локалните самоуправи ќе добиваат по еден проценто од бруто-домашниот на државата.

– До крајот на мандатот ќе стигнеме до еден процент од БДП, трансфер од централната власт за сите општини во Македонија, едне процент значи 95 милиони евра дополнителни пари за сите општини. Со тие пари ќе решаваме сериозни инфраструктурни и комунални проблеми на граѓаните ширум цела Македонија. најголем дел, 70% ќе дојдат за руралните општини како Старо Нагоричане, Карбинци, Росоман и многу други во Македонија затоа што тие немаат сериозни индустрии за да зимаат комуналии од голем аспект за да ги полнат своите буџети. Затоа денеска сум овде дојден да побарам поддршка и дададам свој збор дека граѓаните на Старо Нагоричане треба да очекуваат поддршка од вашата Влада, од Владата на Република Македонија за конечно да има живот и овде во Старо Нагоричане за сите, рече Заев.

 

Loading...

 

Меѓу останатото Заев повторно укажа на законите за укинување на радиодифузната такса, минималната плата, законот за стечајци, но и законот за евтина тарифа на струјата.

 

 

Тој ги повика присутните граѓани да гласаат за каднидатот Жаклина Јовановска на претосјтните локални избори закажни за 29 октомври, каде таа ќе се бори за местото градоначалник на Општна Старо нагоричане со Елена Јаќимовиќ од ДПСМ.

 

 

Loading...