Заев: На судски рочишта нема да одам, Пуч е директива на власта (видео)

Сподели со своите пријатели

По вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за политички монтираниот случај Пуч, Зоран Заев на прес конференција објави дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, додавајќи дека правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.

Loading...

Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка. Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка, веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода. Ја очекувам од денеска оваа одлука на судот.

Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните.

Ќе појаснам кратко.

– Одлуката на Основниот суд Скопје 1 – Скопје да се прифати Обвинителниот акт против мене, нарачан од Никола Груевски и спроведен од Марко Зврлевски е врв на апсурдот на овој предмет од самиот почеток.

Судот нема дадено никакво објаснување за одбивање на разумните приговори на обвинението, не само за мене или мојот адвокатски тим, туку и за домашната и за меѓународната правосудна јавност.

  1. Фактичката состојба е дека луѓе лежат во затвор за Шпиунажа, а нема информација за која странска земја, странска служба или странска институција шпиунирале.
  2. Се обвинува претседателот на најголемата опозициона партија за насилство врз премиерот затоа што барал предвремени парламентарни избори и техничка влада, а јавноста е сведок на договорот меѓу власта и опозицијата за предвремени избори за крајот на април 2016 година, со посредство на еврокомесарот Хан, амбасадорите на ЕУ и САД.
  3. Едно лице лежи во затвор исклучиво за помагање на насилство кое наводно јас сум го направил врз Груевски. Јас наводниот насилник сум на слобода, бев надвор од државата, разговарам и понатаму со Груевски за истите работи за кои и сум обвинет за насилство, а тој што наводно ми помогнал за да го извршам тоа насилство, тој е во притвор.
  4. Доказите на Никола Груевски за предметот Пуч не смеат да се користат во судската постапка. Станува збор за докази што се прибавени со  посебна истражна мерка “Тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот” коишто се јавно објавени преку каналот Јутјуб и медиумите. Нивно објавување во јавноста е недозволиво по закон и претставува кривично дело по закон.
  5. Доказите со коишто Груевски го аргументира наводното насилство од моја страна не се обезбедени во соодветна правна постапка. Не постои нареба од судија на Врховен суд за посебните истражни мерки какви што се применети врз мене, за наводното соменавање за кривични дела против државата. Шпиунажа и насилство врз премиерот на Владата спаѓаат во кривични дела против државата согласно глава 28 од Кривичниот Законик. За вакви кривични дела, наредба за посебни истражни мерки издава судија на Врховен суд. Во наводниот случај Пуч наредбата е издадена од судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Скопскиот Основен суд ги прескокна сите овие непобитни факти и прифати  нерелевантни докази за да отвори судска постапка. Ваквата одлука на судот за монтираниот случај Пуч е јасна потврда на `се што објавивме во процесот Вистината за Македонија, за целосна контрола на судството од страна на фамилијата на власт.

Вчерашната политичка одлука на судот за Пуч го потврди секој збор од Извештајот на европската експертска комисија предводена од Рајнхард Прибе: за атмосфера на притисок врз судството во Македонија, за фамилијарна поврзаност на функционери именувани од извршната власт со Јавното обвинителство, за ризична средина за конфликт на интереси.

Loading...

Потврдени се во целост наодите во последниот Извештај на Стејт Департментот за непочитување на владеењето на правото во Македонија од страна на власта, за владино мешање во случаи со цел заплашување опозициски лидери и монтирани политички процеси, изјави денес Заев