Заев ја почна посетата на Словенија со средба со Церар

loading...

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Љубљана имаше тет-а-тет средба со премиерот на Словенија, Миро Церар, соопшти прес-службата на Владата.

Во соопштението не се изнесени детали од средбата.

Заев, ја предводни македонската делегација составена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, во официјалната посета на Словенија.

Со церемонија со највисоки почести отпочна официјалната посета на Република Словенија на владината делегација.

Во оваа официјална посета на Република Словенија, премиерот Заев го придружува и неговата сопруга Зорица Заева.

По интонирањето на државните химни и смотрата на почесната гарда, Заев и Церар се повлекоа на тет-а-тет средба.

Македонските и словенечните министри одржаа билатерални средби, по што следуваше и пленарна средба меѓу членовите на македонската делегација и министрите домаќини во Владата на Република Словенија.

Заев и членовите на македонската владина делегација денеска ќе се сретнат со претставници на полициските структури на Министерството за внатрешни работи на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза.

Официјалната посета на Република Словенија денеска и утре е исполнета и со други активности, како што се средбите со претседателот на Државниот збор Милан Брглез, со претседателот на Словенија Борут Пахор, како и со претставници на словенечките стопанственици.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments