Забрана за продажба на половни дизел автомобили во Германија

Сподели со своите пријатели

Управниот суд во Јаплциг неделава ќе донесе одлука за можна забрана за промет со возила со дизел мотори, а која би можела да значи и забрана на промет за околу 15 милиони дизел автомобили во поголемиот дел германски градови.

Во четврток се одлучува во градовите Штутгард и Дизлдорф во кои организацијата Германска помош на околината (DUH) сака да постигне забрана на продажба на возила со дизел мотори кои се главни предизвикувачи на високата концентрација на оксиди во овие градови, но одлуката ќе се применува и во остантите погодени градови.

Забрана за продажба?

Локалните судови во двата случаи делумно пресудиле во корист на DUH, но градовите пред Управниот суд сакаат да ја разјаснат правната основа за евентуалната забрана на пазарот. Министерот за трговија на сојузната покраина Баден – Вуертемберг, Винфриед Херман за агенцијата АФП објаснил дека се работи за компетенции затоа што не е јасно на кој начин една сојузна покраина мора да реагира во случај на поголемо загадување на воздухот во градовите.

– Не е јасно дали може да воведе забрана или мора да се забрани продажбата на дизел автомобилите, објаснува Херман за ситуацијата во која ако судот одлучи дека градовите мора да воведат забрана не е до крај јасно што тоа значи за покраините.

Експертот за автомобилска индустрија од истражувачкиот центар „CAR“ Фернинанд Дуденхоефер смета дека забраната на пазарот за сите автомобили со дизел мотор кои не припаѓаат на последната генерација се неизбежни.

– Се друго би значело јасно кршење на темелното право на граѓанинот за здрава животна средина, рекол тој.

Пад на вредноста на половните „дизелаши“

Аналитичарите оценуваат дека политиката нема да дозволи забрана на пазарот затоа што тоа во голема мера ќе влијае не само на граѓаните, туку и на многу мали и средни претприемачи чиј возен парк исклучиво се состои од дизел мотори. Во случај судот во Лајпциг да одобри забрана можен е посилен притисок на автомобилската индустрија за технички промени на старите „дизелаши“, што индустријата поради огромни трошоци досега одбиваше да го направи.

На средбите со политичарит еи претставниците на автмобилскат аиндустрија минатата година одлучено е индустријата да преземе трошоци за промени на софтверите во одредени автомобили. исто така се планираат поголеми инвестиции во јавниот превоз. Организациите за заштита на животната средина владата на чело со Ангела Меркел досега ја повикуваа дека премногу излегува во пресрет на претставниците на автомобилската индустрија, една од најголемите во земјата.

Како едно од решенијата за загадениот воздух во германските градови се расправа и за можноста да се воведе бесплатен јавен превоз, што градовите го отфрлиле поради високи трошоци.

Загуба од 1,6 милијарди евра

Аналитичката куќа „Evercore ISI“ проценува дека во случај судот да ја потврди забраната на пазарот падот на вредноста на половните автомобили за пет отсто на произведувачите на автомобили би им донел загуба од 1,6 милијарди евра.

Притоа аналитичарите веруваат дека најтешко ќе страдаат „Пежо“ и „Рено“ кои имаат најголеми удели во дизел флотите.

Leave a Reply