Забар и извадил 22 здрави заби, а за тоа и наплатил и 15.000 евра

Сподели со своите пријатели

Стоматолог од Санкт Петербург е обвинет дека на една жена и извадил 22 здрави заби за да се прибави со нелегална материјална корист.

Забарот, кој е обвинет за измама, не само што на жената (43) и ги извадил здравите заби, туку и вградил и мостови со несоодветен квалитет, се наведува во соопштението од истражното обвинителство, пренесуваат руските медиуми.

Како се наведува, стоматологот тој зафат го извршил пред три години за цена од 15.000 евра, а истражителите сметаат дека тоа не е единствен случај, туку дека сторителот направил повеќе такви казнени дела, поради што сега се бараат неговите пациенти.