За викендот постудено за два до три степени

Сподели со своите пријатели

Времето утринава беше претежно облачно и тивко , само на североистокот од земјава дува умерен југоисточен ветер, а на другите места е претежно тивко.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со кратки сончеви периоди, повеќе ќе бидата застапени на планинските предели. Локално сеуште ќе има слаби проврнувања од дожда на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, повеќе ќе биде застапен на повисоките места и на планинте. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен источен и североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 6 степени целзиусови.

За викендот дневната температура ќе опаѓа за 2 до 3 степени. Од вторник пак дневната температура ќе биде во покачување, но поради ведрото време утринската температура ќе биде ниска, односно утрата ќе бидат постудени.