За што е корисен чајот и хибискус?

Сподели со своите пријатели

Хибискусот, освен убав цвет, е и прекрасна и корисна билка. Етеричното масло од хибискус исто така има голем број на здравствени придобивки, благодарение на полифенолите во него.

За што помага чајот од хибискус?

Го намалува крвниот притисок
Хипертензивните спокојно можат да пијат почесто чај од хибискус, бидејќи тој придонесува за регулирање на крвниот притисок. Активните состојки во него делуваат релаксирачки на мазната мускулатура на крвните садови. Ова помага за нивно проширување, со што крвниот притисок се намалува за неколку интервали.

Го поддржува црниот дроб
Црниот дроб ги филтрира токсините во телото и ги исфрла. Тој учествува и во производството на црвени крвни клетки, како и во рециклирањето на мртвите такви. Затоа здравјето на овој орган е од големо значење. Чајот од хибискус помага за подобрување на работата на црниот дроб, благодарение на ензимите во него.

Ја намалува високата температура
Во хибискусот се содржат фитохемикалии кои имаат антипиретичко дејство. Поради тоа чајот од хибискус не само што го ублажува воспалението на слузницата на дишните патишта кај вирусни инфекции, но и ја намалува температурата и треската.

Се намалува и холестеролот
Лошиот холестерол исто така игра негативна улога во зголемувањето на крвниот притисок. Редовното консумирање на чај од хибискус делува поволно и врз формирањето на лош холестерол и акумулацијата на плочи на садовите, предизвикани од него.

Спречува формирање на камења во бубрезите
Хибискусот го спречува создавањето на камења во бубрезите , благодарение на својството да ја балансира киселоста на внатрешната средина на организмот. Таа во основата има предиспозиција кон создавање на камења.

Loading...

Чајот од хибискус ја нормализира алкално-киселинската рамнотежа во телото со тоа што ја подобрува сеопфатно неговата здравствена состојба. Благодарение на антиоксидантите и флавоноидите во ова растение ризиците од рак, стареечки процеси, дегенеративни болести и дијабетес се намалуваат значително. Чајот од хибискус е богат и со витамин Ц, кој е важен за здравјето на многу нивоа. Тој е моќен антиоксидант кој учествува во функцијата на имунолошкиот систем.