03.06.2015 14:14

За оние денови: На светскиот пазар се појави непропустлив долен веш (видео)

loading...

Три амбициозни девојки од Америка, по тригодишно истражување, дошле до брилијантна идеја да создадат специјално дизајнирани гаќички кои жените ќе ги користат за време на месечниот циклус, без притоа да се грижат дали ќе завршат со огромни дамки од крв.

Девојките за својот изум користат специјални микро – фибер влакна кои се непропустливи и кои гарантираат безбедност при носење санитарни влошки или тампон.

Истражувајќи за својот изум, тие дошле до сознание дека 67 милиони девојки и жени од Африка немаат пристап до влошки, па затоа во  соработка со невладината организација „AFRIpads“ во Уганда, тие со секои продадени гаќички ќе донираат пари за женски продукти со цел да помогнат повеќе девојки да одат во училиште за време на својот месечен циклус.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments