За да спречи кражба на дрва со пушка пукал кон автомобилот на крадците

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 06,20 часот во атарот на селото Горна Лешница-тетовско, Н.Џ. (64) затекнал две непознати лица кои краделе дрва од неговата шума и со ловна пушка испукал еден патрон кон патничко моторно возило, со кое истите се превезувале, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се дале во бегство, а возилото останало на самото место, бидејќи од истрелот бил оштетен преден пневматик.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.