За 54 гласа, Левица остана без советник во Куманово

Сподели со своите пријатели

За 54 гласа Левица не успеа да освои советничко место во Советот на Општина Куманово, преку соопштение тие сепак се заблагодарија на граѓаните за поддршката и најавуваат дека промената е единствената надеж.

Соопштението го пренесуваме директно.

„Почитувани, пред се им благодариме на граѓаните кои својот глас го дадоа за Левица на локалните избори. Евидентно е дека граѓаните на Куманово ја препознаваат искреноста на активистите и членовите на Левица во борбата за реални промени, во борбата за социјална правда и права на работниците и обесправените. За тоа сведочи фактот дека на локалните избори, Левица во Куманово имаше приближно двојно повеќе гласови отколку на парламентарните избори во декември 2016г.

За жал, само 54 гласа недостасуваа за Левица да има претставник во Советот на Општина Куманово. Левица освои советници во Советот на општините Карпош и Росоман и во Советот на Град Скопје. Меѓутоа, гласот даден за Левица во никој случај не е изгубен глас, гласот за Левица е цврста потпора за таа да биде силна опозиција, чии што критики ќе бидат сериозно сфатени од страна на локалната власт.

Им порачуваме на новиот градоначалник и членовите на советот на општината Куманово дека будно ќе ги следиме сите постапки на локалната самоуправа и остро ќе реагираме секогаш кога ќе работат спротивно на интересите на граѓаните.

Loading...

Промената е единствена надеж“ – стои во соопштението од партијата.