14.03.2018 14:36

За 50 евра разбојник претепа старица во населбата Иго Тричковиќ


Вчеравечер во 21.50 часот во СВР Куманово, Д.С. (46) од село Тромеѓа, кумановско, пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот во куќата на неговата баба А.С. (81) од населба Иго Тричковиќ непознат маскиран сторител извршил разбојништво, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сторителот тропнал на влезната врата, по што оштетената ја отклучила. Во тој момент, тој физички ја нападнал удирајќи ја со раце, по што и одзел паричник во кој имало 2.700 денари и лични документи. После тоа, сторителот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments