WhatsApp воведе нови опции

Сподели со своите пријатели

Апликацијата WhatsApp доби нова опција која на корисниците им овозможува YouTube снимките да ги гледаат директно во неа, без потреба од отворање посебна апликација или интернет пребарувач.

Кога на корисниците некој ќе им испрати линк од YouTube, WhatsApp автоматски ќе го препознае и ќе понуди опција за пуштање на снимката во самиот разговор.

Facebook и WhatsApp повикани на состанок со европските заштитници на приватноста

Loading...

Новиот „апдејт“ на WhatsApp донесе и поддршка за „Picture-in-picture“, што значи дека корисниците YouTube снимките можат да ги гледаат и кога менуваат разговори.

Исто така, снимањето на аудио пораки сега е полесно, затоа што повеќе не е потребно да го држите копчето кога снимате порака.

Засега новите опции се достапни на iOS уредите, додека наскоро се очекува истите да се појават и на Андроид.