Вучиќ со апел за смирување на состојбата: Ова е проблем за сите нас

Сподели со своите пријатели

„Ова што се случува во Македонија не е само македонски проблем, туку проблем на сите нас кои овде живееме“ – ова го изјави српскиот премиер и иден претседател на Србија, Александар Вучиќ.

Тој апелираше на граѓаните на Македонија проблемите да се решаваат на мирен начин.

Како претседател на Владата на Србија и како избран претседател на Република Србија секогаш сум правел се за одржување на најдобри односи помеѓу Белград и Скопје и измеѓу Македонија и Србија. Многу сум загрижен за вечерашните настани и моја единствена порака е, а мислам и дека граѓаните на Македонија тоа добро знаат дека тоа доаѓа од нивниот искрен пријател, да ги замолам сите проблеми и недоразбирања да ги решаваат на мирен начин, да, ако имам било какво право да кажам дека смирувањето на ситуацијата сигурно е во најголем интерес на Македонија и нејзините граѓани, а сите други работи и сите други проблеми можат да се решат на преговарачка маса, на мирен начин и во мирна атмосфера  изјавил Вучиќ.