Вучиќ: Без компромис со Албанците, ќе бидеме како Македонија и Турција

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рекол дека Германија на правно-бврзувачки споразум помеѓу Белград и Приштина инсистира од 2008. година.

– Инсистираат тие на тоа од 2008. година, туку некои ве лажеа дека во Србија тоа не го бараат. Никого нема да лажам, тие го бараат тоа. Ниту денес не зборував дека тече мед и млеко. Ние имаме поинакви видувања за Косово. Тие ја признаа независноста на Косово во 2008. година, рекол Вучиќ по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Нема да биде лесно, но ќе се обидеме да најдеме компромис. А што ќе имаме ако не направиме некој компромис со Албанците? Ќе бидеме заглавени на европскит пат како Турција, Македонија и другите земји кои поради политички спорови се заглавени, нагласил српскиот претседател.

Самата најава за влез на Србија во ЕУ се оќекува да ги зголеми директните странски инвестиции, но како што вели Вучиќ, во спротивно ќе има безброј други проблеми, како економски, така и правни.

Leave a Reply