Втор Меѓународен Street workout турнир во Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Бар „Гладијаторс“ и Куманово денеска беа домаќини на Вториот Меѓународен Street workout турнир кој се одржа во мини паркот за СОУ „Перо Наков“ во т.н. „Гладијатор Арена“.

 

Loading...

 

На турнирот учество зедоа триесетина натпреварувачи од Македонија, Србија и Бугарија, а се натпреваруваа во неколку категории.

Имаме повеќе дисциплини, со телесна тежина, „power competiton“, тука се подразбираат пропаѓања со 48 килограми на себе, згиб со 32 килограми, чучањ со 80 килогрмаи и слично, а дисциплините со телесна тежина вклучуваат руски згибови, пропадања и склекови. Имаме женска категорија, женски склекови и тие исто така ќе прават чучањ со 40 килограми на себе. И главната дисциплина од сите, „фри-стајл“, кој ќе има борба на натпреварувачите еден против еден и ќе биде многу интересно  – вели Даниел Каранфиловски од „Бар Гладијаторс“.

 

Жељко Влајин од Рума,  Србија втора година по ред учествува на овој меѓународен турнир и се натпреваруваше во „power“ дисциплините, а 15 години се занимава со овој спорт.

Тоа се руски згибови, згиб со 32 килограми, пропаѓања со 48 килограми и чичњеви со 80 килограми. Минатата година не бев нешто задоволен, не дадов се од себе, имав две четврти места, но дојдов секако да го исправам тоа. Беше феноменално натпреварување, но по мене беше лошо и сега се надевам дека ќе биде подобро – изјави Влајин.

 

Дел од турнирот беа и членовите на „Бар Гладијатор Јуниорс“, меѓу кои и 14-годишниот Владимир Душановски.

Се натрепварувам во дисциплината згибови. Од организацијата сум задоволен, ги има сите дисциплини, обезбедивме сега и вода за пиење. Со овој спорт се занимавам кога имав 12 години, кога и дознав за него, а претходно учествував на еден натпревар, поточно на минатогодишниот турнир кој се одржа овде – вели Душановски.

 

За најдобриот следуваше пехар и златен медал, додека второ и третопласираните се закитија со сребрен, односно бронзен медал.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...