ВРТОГЛАВ РАСТ: Биткоинот надмина вредност од 20.000 долари

Сподели со своите пријатели

Вредноста на биткоин моментално е 20.000 долари. Нивната вредност двојно се зголеми во последните три недели и достигна 12 пати поголема вредност отколку пред година дена.

Бугарија одзеде биткоини во вредност од 3 милијарди долари, а она што планираат со нив е да ја спасат државата.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Loading...

Наизглед неочекуван пораст на биткоинот ги изненади и инвеститорите, додека некои финансиски експерти продолжуваат да предупредуваат дека „овој балон“ еден ден ќе пукне.

Неодамнешно истражување во кое учествувале 53 економисти откри дека 51 од нив сметаат дека биткоинот е неодржлив.

Тимот експерти од „Вол Стрит“ и трговската стратегија „CNBS“ го гледаат биткоин само како балон кој постојано расте.

И покрај нестабилноста на биткоинот, изгледа дека тој се повеќе се користи во економиите на реалниот свет, што би можело да помогне во неговата стабилизација и креирање легитимен алтернативен систем.

Во петок е пријавено дека се продадени две луксузни куќи во Велика британија и тоа со биткоин како валута на плаќање, а претходната недела јапонската компанија „GMO Internet“ објави дека на своите вработени ќе им даде можност платите да ги добиваат во оваа криптовалута.