Врнежите продолжуваат и денеска

Сподели со своите пријатели

Врнежите продолжуваат и во текот на денешниот ден, а особено претпладне и ќе бидат од дожд, односно на планините и повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Ќе дува на повеќе места засилен северен ветерот и ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата, која ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со кратки сончеви интервали, но со значително пониска температура. Ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне само 5 степени. Истата во текот на ноќта ќе навлезе и три степени под нулата.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.