Врнежи од дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, претежно во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималната дневна ќе биде во интервал од 22 до 29 степени целзиусови.

Утре кон крајот на денот со засилен северен ветер ќе има спуштање на студена воздушна маса од север што ќе услови во наредните денови значителен пад на температурата на воздухот и за околу 15 степени.

Врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има во вторник, а потоа кон крајот на неделата.