Времето денеска сончево и потопло, температури до 20-от степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и температури до 20-от степен, информираат од Управата за хидриометеоролошки работи.

Во западните и јужните делови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб локален дожд и ќе дува слаб до умерен умерен јужен ветер, особено долж Повардарието. Максималната дневна температура ќе биде во интревал од 11 до 20 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околоината, времто денеска ќе биде топло и со повеќе периоди на соцне за разлика од вчерашниот ден. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а во текот на ноќта можнои се врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи на 14 степени целзиусови.

Утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во западните делови има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзината до 80км/час. До среда времето ќе биде стабилно, суво и доста топло за овој период од годината, додаваат од УХМР.