Времето денеска променливо облачно и посвежо

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и значително посвежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој  долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната 10 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно и значително посвежо. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во петок и за време на викендот наутро ќе биде свежо, преку денот ќе се задржи стабилно, а дневните температури благо ќе се покачуваат.

Извор: МИА

Loading...