Времето денеска облачно со услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден ќе започне со минимално намалување на облачноста, освен долж повардарието каде облачниот слој може да се задржи, но без услови за врнежи, пишува порталот МетеоПро.мк.

Вои попладневните часови се очекува повторно наоблачување кое ќе донесе дожд во западниот регион, а во вечерните часови и во останатите делови од државата. Поради затоплувањето кое ќе биде последица на продор на топла воздушна маса од југ, границата на врнежи од снег ќе биде повисока за разлика од вчерашниот ден.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени, додека највисоката дневна ќе се искачи во интервал од 12 до 16 степени целзиусови.

Во Куманово времето денеска ќе биде претежно облачно, во текот на денот со услови за врнежи од дожд, додека подоцна ќе настапи разведрување. Максималната дневна температура ќе се искачи на 9 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на 4 степени целзиусови.

Променливо време со услови за дожд не очекува и за време на викендот.