Времето денес сончево со умерена облачност и температури до 19 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во источните делови променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната
температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, но без врнежи од дожд Максималната дневна температура ќе се искачи до 15-от степен, а во текот на ноќта температурните вредности во живата ќе оппаднат до 3 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток попладне се очекуваат повеќе врнежи од дожд, а повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.