Времето денес сончево со умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Преку денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 13, а дневните максимални од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има умерена облачност, а попладне се повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 7 степени, додека највисоката дневна ќе достигне 17 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе има позначителен пораст на дневната температура. Потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд што ќе бидат поинтензивни од вторник попладне и во среда.