Вратата од автомобилот секогаш отварајте ги со десна рака, тоа може да спаси животи! (видео)

Сподели со своите пријатели

Многу возачи сметаат дека сите опаности завршиле во моментот кога ќе го паркираат автомобилот, меѓутоа тоа не е сосема точно.

Можеби понекогаш и ви се случило да ги отворите вратата од паркираниот автомобил со намера да излезете од него, но во последна секунда сте забележале дека кон отворените врата се движи друг автомобил или велосипед, што може да биде доста опасно, дури и да доведе до трагични последици.

Ваквите незгоди се случуваат, посебно во големите градови. Само за пример во Велика Британија 600 луѓе се овредени или загинале поради невнимателно отворање на врата од автомобил.

Во многу земји во вакви ситуации возачот секогаш е виновен, но добра работа во оваа приказна е што секоја опасност лесно може да се избегне, само ако се придржувате до едно едноставно правило секогаш кога ќе излезете од автомобилот.

Потребно е само секогаш вратата да ги отварате со десна, а не со лева рака. Така вашето тело природно ќе се сврти, па ќе го види целиот пат зад вас и на време ќе спречи отворање на вратите ако тоа е поребно.

Loading...