Врачен мандатот за составување Влада на Зоран Заев

Сподели со своите пријатели

„Пречките за доделување на мандат за составување Влада се надминати“ – ова го кажа денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов врачувајчи го мандатот на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.

Заев во името на коалицијата истакна дека ќе ја штити унитарноста на Република Македонија, демократијата, човековите права и мултиетничноста на земјата.

На денешен датум пред две години се одржа големиот протестен марш на Социјалдемократскиот сојуз на кој Зоран Заев најави дека ќе се бори за враќање на демократијата, случајно или не, на истиот датум две години подоцна го презеде мандатот со кој ќе стане премиер на Република Македонија.