ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Можна појава на голомразица на чистените патишта

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Можна појава на голомразица на чистените патишта


Општина Куманово утринава се разбуди со 16 сантимтери снег, а со поголема снежна покривка во населените места со повисока надморска височина.

Снегот го отежнува движењето и на возилата и на пешаците, а особено подмрзнатиот и лизгав коловоз кој од страна на механизацијата ангажирана од приватните компании за зимско одржување се плужи со возила за чистење. Како што велат надлежните од општината, ниските температури и голомразицата не дозволуваат во целост нормално функционирање на градот.

Како што информираат од регионалната подржуница на „Македонија пат“ сообраќајот се одвива по влажни и подмрзнати патишта во зимски услови. Од таму велат дека сите патни правци под нивна надлежност се проодни, но се препорачува екстремно претпазливо возење и движење. Градските патишта во градот се делумно проодени, а екипите надлежни за расчистување на снегот се на терен, и нема поголеми поплаки од граѓаните, со исклучок на приградските и селски средини каде се уште има непроодни локални патни правци.

Екипите вчера работеле  во приградските населени места Карпош, Ајдучка чешма, Проевце, Доброшане, Бедиње и Тромеѓа. Веке интензивно се работи кон селата Режановце, Градиште, Скачковце, Колицко, Мургаш, Кшање, Кучкарево и Пезово, како и селото Горно Јачинце, Брзак и кон Агино село и делови од село Романовце. Во текот на денот е предвидено повторно плужење на патот од  населба Карпош до село Никуљане поради снежни навеви. ЈП „Чистота  и зеленило“ работи на одржување на тротоарите во градското подрачјае  во Општината.

Како што информираат од Координативниот штаб за справување со кризи и Регионалниот центар за управување со кризи од утринава целосно отворени за сообраќај се неколку патни правци во населбите и тоа: патот од населба Карпош до градот, Тромеѓа-Пуковско-Куманово, Проевце-Доброшане-Куманово, Ајдучка Чешма – Куманово, населба Карпош – Никуљане и Бедиње – Куманово.

Во селските средини проодни се патните правци Лопате-Режановце-Куманово, Романовце-Брзак-Агино Село-Куманово, како и Горно и Долно Јачинце- Војник-Куманово по барање на ЦУК поради спасување на четири стари болни лица и обезбедување храна и лекови. Проодни се и патиштата од К’шање, Кокошиње и Габреш кон градот, како и патните правци Косматац-Новосењане-Мургаш-Куманово, како и патот Орашац-Скачковце-Куманово.

На подрачјето на Општина Старо Нагоричане сообрачајот се одвива отежнато, а планинските села во утринските часови биле блокирани и се уште се чека на механизацијата од Дирекцијата за заштита и спасување.

Исчистени и проодни се и неколку патни правци: патот од Драгоманце до Кокино, Карпо-Никуљане-Челопек-Старо Нагоричане, патиштата во Старо Нагоричане, а се уште се работи на патниот правец од Кокино до Арбанашко и новиот пат Старо Нагоричане – Никуљане.

Расчистувањето ќе продолжи и во текот на денот се до доцните вечерни часови. Снабдувањето со електрична енергија е нормализирано во сите селски средини.

Локалниот  сообраќај во Општина Липково е прооден и  се  одвива  редовно. Отежнати се патните правци кон планинските села: Гошинце и Руница, каде патот е проден само со тешки моторни возила,  најкритично е во селото Белановце каде од наноси на снег патот  вчера бил во  прекин. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување вчера биле ангажирани две дополнителни приватни фирми, од кои едната го чисти патот кон селото Гошинце, а другата работи на патот од селото Слупчане до село Ваксинце.

Целосно расчистен е патниот правец Липково – Глажња – Гошинце – Лукаре од стра на екипите на дирекцијата и Општина Липково.

Како што информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Дојранска раскрсница – Дојран и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Не заборавајте на обврската за носење зимска опрема и ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО.


Последни наслови

Facebook Comments