Восочна фигура на Хитлер отстранета од музеј поради селфи

Сподели со своите пријатели

Восочна фигура на Адолф Хитлер во природна големина е отстраенета од индонезискиот музеј во градот Јорјакарти, откако бројни посетители правеле селфи покрај неа, што предизвикало лутина на меѓународната заедница.

Фотографиите кои се поставени на социјалните мрежи покажуваат луѓе кои се смеат додека позираат со статуата на нацистичкиот лидер, поставена покрај фотографија од капија на концентрациониот логор во Аушвиц.

Барала автограм од Хитлер и го бакнала, а поради неговата реакција снимката долго била забранета (видео)

Loading...

Дури кога меѓународната заедница бурно реагирала, музејот на скуплтури и уметности „Де АРКА“ сфатил дека некого навредил, наведува ВВС.

– Не сакаме да привлекуваме гнев, рекол менаџерот на музејот, Џејми Мисхај за АФП.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како голем број луѓе позираат покрај статуата, меѓу кои и група момчиња облечени во портокалови униформи кои го изведуваат нацистичкиот поздрав.

ХИТЛЕР Е ЖИВ: 128-годишен старец тврди дека е нацистичкиот лидер (видео)

Ширумс ветот многумина биле згрозени иако, како што музејот првично соопштил, никој поединец не се пожаилил.

Абрахам Купер од Центарот Симон Визентал, организација за заштита на рпавата на Евреите, рекол за АП дека се во врска со музејот е погрешно.

– Позадината е одвратна. Ги исмејува жртвите кои оделе и никогаш не се вратиле, рекол за АП.