Вонредна крводарителска акција на Црвениот Крст во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Вонредна крводарителска акција денеска се одржа во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, поради појава на недостаток на резерви крв во летниот период.

Акцијата која траеше од 9 до 14 часот, а беше во организација на Општинската организација на Црвениот крст на Република Македонија од Куманово заедно во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Денеска имаме 31 кандидат кои даруваат крв и се уште е голема бројката, бидејќи даруваат веќе од 9 часот до сега, голема е бројката така да има доста гужва. Затоа што една капка крв може некому да спаси крв то би вредело за тоа – изјави Александра Благоевска од Црвениот крст на Република Македонија.

Loading...

 

Кумановци покажаа дека се хумани и дека може да спасат нечиј живот. Освен тоа, според лекарите дарувањето крв освен што претставува хуман гест има и медицински карактер. Се прочистува крвта во организмот на дарителот така што во период од неколку часа, срцето испумпува нова крв.

Оние кои повеќе пати имаат дарувано крв, според законските регулативи имаат можност да добијат и предности при лекувањето. Крводарителите имаат предност при преглед кај лекар, доколку нема итен случај, а доколку бројката на дарувања е поголема од 10 пати тогаш крводарителот има право на целосно бесплатно лекување во државните медицински установи.

Кумановци уште еднаш месецов ќе имаат можност да даруваат крв. На 27ми јули, Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово ја организира својата втора по ред ккрводарителска акција, на која симпатизерите на партијата, но и сите хумани граѓани ќе имаат можност да помогнат и да спасат нечиј живот.