Во вторник ќе се одржи петтата по ред ”Поетско музичка вечер 2015”

Сподели со своите пријатели

Во малата сала на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во вторник /27 октомври/ со почеток во 19:30 часот ќе се одржи ”Поетско – музичка вечер” во организација на Здружението на граѓани ”Друштвото на писатели” од Куманово по повод доделување на награди по распишаниот награден литературен конкурс за основци и средношколци од општина Куманово.

Loading...

На распишаниот конкурс во септември, Друштвото на писатели од Куманово на основците им ги доделите темите  “Случка“ и “Подарок“, додека  средношколците беа поканети да творат на тема  “Среќа“ и “Бегалци на денешницата“.

Според пропозициите, учениците можеа да учествуваат со песни до 35 реда и есеи не подолги од страница и пол. Од секое училиште можеа  да се достават по десет творби кои се разгледани од жири комисија која секоја година е во различен состав.

Најдобрите на конкурсот ќе бидат наградени со дипломи и книги.