Во вториот круг ќе гласаат 1.435 болни и изнемоштени и 939 затвореници

Сподели со своите пријатели

Општинските изборни комисии (ОИК)  во 35 општини утре ќе ги дистрибуираат избирачките ливчиња до 1.517-те избирачки одбори кои ќе го спроведуваат вториот круг од локалните избори 2017 година в недела.

Утре први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во притвор. Според информациите на ДИК во овие 35 општини каде што се спроведува вториот круг на изборите за градоначалник за гласање се пријавени 1.435 болни и изнемоштени лица. Право на глас имаат и 939 затвореници кои ќе глсаат во 13 казнено поправни установи.

Имајќи предвид дека Избирачкиот список за овие локални избори е заклучен пред одржувањето на изборите, лицата што ги немало во изводите од Избирачкиот список на првиот круг на 15 октомври, и во сабота и в недела нема да може да го искористат правото на глас.

Според Упатството на ДИК, постапката и начинот на гласање е ист како и досега, но различно е тоа што сега во овие 35 општини ќе се гласа само на едно избирачко ливче.

Резултатите од гласањето ДИК сукцесивно ќе ги објавува на својата веб-страна.

Ова се шести локални избори во Македонија.

Извор: МИА

Loading...