Во вториот изборен круг 12.284 неважечки гласачки ливчиња

loading...

Вкупно 12.284 неважечки гласачки ливчиња утврдила Државната изборна комисија по преброени 100 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од локалните избори.

Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во вториот круг од изборите изнесува 420.584.

Од вкупно 833.716 избирачи кои можеа да гласаат во вториот круг, избирачкото право вчера го искористија 432.866 или 51,92 отсто од вкупно запишаните избирачи во Единствениот избирачки список.

Со тоа на овие локални избори вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 57.465, а бројот на важечки 1.448.622 ливчиња.

На претходните локални избори во 2013 година имаше 40.289 неважечки ливчиња, додека на последните парламентарни избори во декември минатата година евидентирани беа 38.712 неважечки ливчиња.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments